Ekipa
31 Јули 2020•Ажурирај: 01 Август 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 139 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 10.754, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека како последица на Ковид-19 починале 6 лица, со што бројката на смртни случаи предизвикани од овој вирус во земјата се искачи на 486.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 534 оздравени пациенти од Ковид-19, со што бројката на излекувани пациенти од почетокот на епидемијата се искачи на 6.554. Во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.714.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.377 тестирања, а досега во земјата се реализирани вкупно 102.317 тестирања на Ковид -19.