Husamedin Gina
18 Април 2022•Ажурирај: 19 Април 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Северна Македонија регистрирани се 18 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 308.620, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавено е едно починато лице од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.262.
Институтот за јавно здравје регистрира 231 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 298.532.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 826.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 684 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.997.169 тестирања.