Admir Fazlagic
01 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени 29 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со овој вирус во земјата се искачи на 1.494, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изминатите неколку дена Министерството за здравство регистрира повеќе оздравени отколку заразени пациенти од Ковид-19.
Во последните 24 часа Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти од коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на оздравени пациенти во земјата од овој вирус се искачи на 807.
Според соопштението на Министерстото за здравство, регистрирани се и 4 смртни случаи, со што вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјата изнесува 81.
Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 16.798 тестирања.
Потсетуваме, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, Владата на Северна Македонија донесе одлука, за празникот 1 Мај, односно денеска, сабота и недела, ограничувањето на движењето (полицискиот час) да почнува во 14:00 часот, а да завршува во 05:00 часот.