Admir Fazlagic
25 Април 2021•Ажурирај: 26 Април 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 314 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 150.588, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 27 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.677.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 557 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 129.053.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 16.858.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.362 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 709.457 тестирање.