Admir Fazlagic
26 Февруари 2021•Ажурирај: 27 Февруари 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија се регистрирани 554 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот во земјата се искачи на 101.762, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа осум лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.119.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 210 оздравени пациенти од Ковид-19, вкупно 90.895 оздравени од почетокот на заразата.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 7.748.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.477 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 516.169 тестирања.