Elena Trenchevska Chekovic
31 Август 2021•Ажурирај: 01 Септември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 870 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 176.494, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 37 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 5.938.
Институтот за јавно здравје регистрира 661 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 156.307.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 14.249.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 5.844 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.158.171 тестирањe.