Ekipa
13 Јануари 2022•Ажурирај: 14 Јануари 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 1.865 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 239.920, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 8 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 8.070.
Институтот за јавно здравје регистрира 784 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 217.305.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 14.545.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 6.173 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.686.063 тестирања.