Bekim Laci
14 Февруари 2017•Ажурирај: 15 Февруари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Британскиот весник „Гардијан“ објави напис што се темели на собраните податоци за загадувањето на воздухот со честички ПМ 2,5 на глобално ниво, класифицирани според континенти, со исклучок на Турција, пренесува Anadolu Agency (АА).
Објавените податоци покажуваат дека најзагадениот град во Европа е Тетово, со 81 микрограм ПМ 2,5 честички на кубен метар, со забелешка дека во Тетово трчањето прави повеќе штета отколку добро.
Вториот најзагаден град е Тузла, во Босна и Херцеговина со 65 микрограми на ПМ 2,5 честички, а на третото место е уште еден град во Македонија, односно нејзиниот главен град Скопје, со 45 микрограми ПМ 2,5 честички.
Податоците на „Гардијан“ се земени од Светската здравствена организација (СЗО). Врз основа на тие податоци, најзагаден град во светот е Заболи во Иран, со 217 микрограми ПМ 2,5 честички.
По него се рангираат Гвалиор (Индија) со 176 микрограми ПМ 2,5, Алахабад (Индија) 170, Ријад (Саудиска Арабија) со 156 и Ал Џубаил (Саудиска Арабија) со 152.
Листата на првите десет најзагадени градови во Европа, без Турција е: Тетово (Македонија) 81 микрограм ПМ 2,5 честички на кубен метар, Тузла (Босна и Херцеговина) 65, Скопје (Македонија) 45, Живјец (Полска) 43, Димитровград (Бугарија) и Плевља (Црна Гора) со 42, Рибњик (Полска) и Битола (Македонија) со 40 и Воѓислав Слонски (Полска) со 39.
Десетте најзагадените градови во Европа, меѓу кои и оние од Турција се Тетово 81, Батман (Турција) и Хакќари (Турција) со 67, Газиантеп (Турција) 66, Тузла 65, Сиирт (Турција) 61, Афјон (Турција) 60, Караман (Турција) 57, Игдир (Турција) 54 и Измир (Турција) 52.