Vesna Besiç
25 Ноември 2017•Ажурирај: 26 Ноември 2017
САРАЕВО (АА) - Со пуштање во воздухот околу 150 жолти и сини балони, младите пред Сараевската катедрала, по повод 25 Ноември - Денот на државноста на Босна и Херцеговина, уште еднаш се нагласи проблемот со заминувањето на голем број на луѓе од Босна и Херцеговина (БиХ), јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за перформанс од иницијативата на младите од граѓанскиот сојуз, а претседателката Аријана Хаџиомеровиќ порача дека луѓето се најголемиот ресурс на секоја земја, вклучувајќи ја и БиХ. Според неа, БиХ го губи тој највреден ресурс- луѓето.
„Денес е Денот на државноста и поради тоа сме собрани тука. Овој симболичен чин сакаме да привлече внимание на рекордното заминување на луѓето од Босна и Херцеговина. Според податоците од последните три години, 160.000 луѓе ја напуштија Босна и Херцеговина", рече Хаџиомеровиќ.
Таа истакна дека со симболичното пуштање на балони со имињата на оние кои ја напуштиле Босна и Херцеговина сакаат уште еднаш да привлечат внимание на алармантниот податок.