Adel Omeragic
18 Јуни 2021•Ажурирај: 20 Јуни 2021
ПОДГОРИЦА
Собранието на Црна Гора ја усвои резолуцијата за геноцидот во Сребреница, јавува Агенција Анадолија (АА).
За усвојувањето на резолуцијата гласаа 55 пратеници, против беа 19, а воздржани беа 7 пратеници. Резолуцијата ја поддржаа опозициските ДПС, СДП, СД, ЛП, БС и албанските партии, додека од пратениците на владејачкото мнозинство поддршка на резолуцијата пружија Демократите, УРА и Бранка Бошњак од ПзП.
Резолуцијата, помеѓу останатото, подразбира Парламентот да го осуди и да признае дека во Сребреница се случил геноцид и дека се убиени повеќе од осум илјади Бошњаци.
Текстот на резолуцијата предвидува и 11 јули да се прогласи за Ден на сеќавање на жртвите на Сребреница, да се афирмира мирот и стабилноста и да се повикаат јавните институции да ги истражат воените злосторства.
Ервин Ибрахимовиќ, лидерот на Бошњачка странка (БС), кој е еден од предлагачите на резолуцијата, им се заблагодари на сите, кои, како што наведе, помогнаа да се добие квалитетен текст на резолуцијата.
„Верувам дека денес испративме јасен сигнал од овој претставнички дом, дека Црна Гора е центар на демократијата во регионот", рече Ибрахимовиќ.