Diyar Güldoğan
25 Јануари 2023•Ажурирај: 25 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, утре ќе престојува во официјална посета на Туркије, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и Дачиќ ќе разговараат за сите аспекти на билатералните односи и чекорите за натамошно унапредување на соработката меѓу Туркије и Србија, како и за актуелните регионални и меѓународни случувања“, се вели во соопштението на Министерството.
Балканот е приоритет за Туркије, не само поради политички, економски и географски причини, туку и поради нејзините историски, културни и човечки врски со регионот.
Во последните години, односите меѓу Туркије и Србија го достигнаа највисокото ниво забележано во историјата на двете земји во согласност со целта на стратешкото партнерство.