Vesna Besiç
19 Мај 2017•Ажурирај: 20 Мај 2017
САРАЕВО (АА) - Судот во Босна и Херцеговина го потврди обвинението од 20 јануари 2015 година, кое беше подигнато против Горан Мрѓа, Милорад Мрѓа и Миле Кокот, во кое споменатите лица се товарат за извршени кривични дела злосторство против човештвото, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот истовремено од кривична одговорност го ослободи Ранко Мрѓа. Изрекувањето на првостепената пресуда за четворицата поранешни членови на Војската на Република Српска (ВРС), за воено злосторство извршено на подрачјето на општина Сански мост, заврши по речиси двегодишен судски процес.
Судот во Босна и Херцеговина го потврди обвинението од 20 јануари 2015 година, кое беше подигнато против Горан Мрѓа, Милорад Мрѓа и Миле Кокот, во кое споменатите лица се товарат за извршени кривични дела злосторство против човештвото од член 173 на Кривичниот законик на БиХ.
Судењето на обвинетите започна во април 2015 година.
Обвинителството на БиХ за време на судскиот процес повика повеќе од 30 сведоци и приложи материјални докази со цел да докаже дека Горан, Милорад, Ранко Мрѓа и Миле Кокот учествувале во злосторствата извршени врз жртвите од бошњачка националност, вклучувајќи убиства, силувања, претепувања, грабеж и други психички и физички злоупотреби.