Admir Fazlagic
21 Август 2020•Ажурирај: 22 Август 2020
СКОПЈЕ
Денеска се одржа продолжување на конститутивната седница на Собранието на Република Северна Македонија, при што за претседател на Собранието повторно беше избран Талат Џафери, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со 62 гласа „за“, 43 „против“ и ниту еден возджан, Талат Џафери од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) е избран за претседател на Собранието на Република Северна Македонија.
Откако беше избран за претседател на Собранието, Џафери даде свечена изјава со која веднаш стапи на функцијата.
Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа против, по гласањето ја напуштија собраниската сала. И партијата Левица, како што се изјаснија во дебатата, гласаа против предлогот, а пратениците од коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива, како што најавија, не присуствуваа на гласањето.
Џафери, кој доби нов четиригодишен мандат како спикер на законодавниот дом, по завршувањето на конститутивната седница даде изјава за медиумите во која им се заблагодари на 62 пратеници, од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), ДУИ и Демократска партија на Апбанците (ДПА), заради, како што рече, што застанаа зад неговата кандидатура и за довербата што ја искажаа со чинот за гласање за мојата кандидатура.
Исто така, Џафери упати благодарност и до пратениците од опозицијата кои, како што наведе, ја збогатија дебатата и придонсоа за демократските вредности во институцијата Парламент, додавајќи дека без оглед на нивните ставови за гласањето против, односно возджано, а изрази и почит за одлуката на дел од опозициските пратеници кои не присуствуваа на дебатата и на гласањето.
„Сепак, јас останувам конзистетен на моите ставови и определби дека и во наредниот период ќе бидам претседател на сите 120 пратеници без оглед дали гласаа за или против или воопшто не биле на чинот на гласањето. Ова ќе биде период на предизвици за парламентарното мнозинство а и на опозицијата, сите ние низ дебати ќе треба да го збогатиме парламентарниот демократски живот во државата и да придонесеме и едукативно на генерациите кои што ќе дојдат во идните мандати овде во Собранието, но секако дека парламентарната демкратија дозволува се", истакна Џафери.
Во својата изјава, Џафери изрази надеж дека содржината на расправата на пратениците ќе биде во солганост со она „што значи институтот пратеник во Собранието."
Со денешниот избор на Џафери за претседател на Собранието, заврши конститутивната седница која започна на 4 август.
Инаку, за избор на претседател на Собранието потребно е просто мнозинство, односно глас „за" од најмалку 61 пратеник од вкупно 120 пратеници колку што брои Собранието на Северна Македонија.
За потсетување, Талат Џафери беше избран за претседател Собранието и во април 2017 година, а овој собраниски состав се распушти во февруари оваа година, поради најавените избори во април, кои потоа, поради состојбата со коронавирусот (Ковид-19) беа одложени за 15 јули.
По предремените парламентарни изборите одржани на 15 јули, почнаа преговорите помеѓу политичките партии за состав на новата Влада. Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски на 13 август му додели мандатот за состав на новата влада на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој ја предводи коалицијата „Можеме" која освои најголем број гласови на изборите.
На 18 август, СДСМ и ДУИ соопштија дека постигнале договор за создавање парламентарно мнозинство во кое освен освие две партии ќе учествува и ДПА.
На предвемените парламентарни избори, според конечните официјални резултати кои ги објави Државната изборна комисија (ДИК), најмногу пратенички мандати освои коалицијата „Можеме“, предводена од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) односно 46, потоа ВМРО-ДПМНЕ 44, Демократската унија за интеграција (ДУИ) освои 15 мандати, коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива освоија 12 мандати, Левица два мандат, а Демократската партија на Албанците освои еден мандат.