Sefa Mutlu
08 Септември 2022•Ажурирај: 09 Септември 2022
ЗАГРЕБ (АА) - Три договори помеѓу Туркије и Хрватска се потпишани денеска во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган и Милановиќ по тет-а-тет и меѓуделегациските средби преминаа на церемонијата за потпишување на договорите меѓу двете земји.
Во овие рамки, меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји е потпишан Меморандум за разбирање за осигурување на јавниот ред и мир, кој беше потпишан од страна на турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу и хрватскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ.
Исто така, меѓу истите министерства е потпишан Меморандум за разбирање во областа на управувањето со катастрофи и итни состојби, кој беше потпишан од страна на Сојлу и Божиновиќ.
Меѓу Државната управа за архиви при турското Претседателство и Државниот архив на Хрватска е потпишан Протокол за соработка, кој беше потпишан од страна на шефот на турската Државна управа за архиви, Угур Унал и шефот на Државниот архив на Хрватска, Динко Чутура.