Dzihat Aliju
11 Август 2019•Ажурирај: 13 Август 2019
СКОПЈЕ (АА) – Управата за верски работи на Република Турција „Дијанет“ и Фондацијата „Дијанет“ од Турција во Северна Македонија, ќе поделат курбанско месо за околу 2.000 семејства, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на програмата за курбани по повод Курбан бајрам, Управата за верски работи на Република Турција „Дијанет“ и Фондацијата „Дијанет“ од Турција, денеска во селото Студеничани, Северна Македонија, заклаа курбани.
Мурат Алкан, советникот за верски прашања при турската Амбасада во Скопје, во изјавата за АА рече дека курбанското месо на Управата за верски работи на Република Турција „Дијанет“, донирано од лица од различни земји во светот ќе биде дистрибуирано до муслиманите во Северна Македонија.
Алкан, истакнувајќи дека во текот на денот во Северна Македонија тие ќе заколат 80 курбани крупен добиток, рече: „Се надевам дека денеска ќе завршиме со колењето на курбаните. Месото во фрижидери ќе стои еден ден. Утре ќе почне дистрибуирањето на курбанско месо од 5 килограми.“
Тој нагласи дека курбанското месо ќе биде дистрибуирано во различни делови на Северна Македонија, особено до граѓаните во источните делови на земјата, кои имаат потреба.
„Наша цел е со донацијата од 80 лица да стигнеме до околу 2 илјади семејства. Покрај доделеното курбанско месо, до граѓаните ги пренесуваме и поздравите на муслиманите од Турција“, рече Мурат Алкан.
Тој наведе дека курбанското месо особено ќе се дистрибуира во Источна Македонија, и тоа во градовите Струмица, Радовиш, Валандово и во штипското подрачје, а исто така и во Дебар, Коџачик и во селото Долгаш во општина Центар Жупа.