Muhammed Boztepe
08 Јули 2019•Ажурирај: 09 Јули 2019
ЗАГРЕБ (АА) - Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб се состана со министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, јавува Anadolu Agency (AA).
На аеродромот „Фрањо Туѓман“ Сојлу беше пречекан од амбасадорот на Република Турција во Загреб, Мустафа Бабур Хизлан, државниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Хрватска, Жарко Катиќ, заменикот главен директор на полицијата, Јосип Ќелиќ, и од други претставници.
Сојлу оствари средба со хрватскиот колега Давор Божиновиќ.
Турскиот министер се потпиша во Златната книга, а потоа се состана и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
На состанокот на делегациите разговарано е за безбедноста и за миграциите.