Admir Fazlagic
24 Јуни 2017•Ажурирај: 25 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го чествуваат празникот, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Светите празници, како што е Рамазан Бајрам носат голема духовната сила којашто ја зајакнува вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и поттикнува желба за меѓусебна почит, разбирање, солидарност. Ова се вредностите што водат кон спокоен и среќен живот. А човекот може да биде вистински спокоен и среќен, ако живее во општество на спокојни и среќни луѓе", вели премиерот Заев во честитката.
Меѓу другото, Заев ги повика граѓаните да продолжат заедно, здружено и единствени да обезбедат квалитетен живот за сите граѓани на Република Македонија.
„Почнавме да градиме едно заеднично општество за сите граѓани, со еднакви шанси за секој и знам дека заедно ќе успееме да обезбедиме квалитетен живот за сите нас. Бидете чесни и одговорни граѓани кон себе, кон своето семејство и кон државата. Нашата заедничка иднина е во економски напредна и просперитетна Македонија, во неа заедно вложуваме и заедно ќе успееме. Честит Рамазан Бајрам почитувани сограѓани“, пишуваа премиерот Заев во честитката за празникот Рамазан Бајрам.
По месецот на постот Рамаза, припадниците на муслиманската вероисповед утре го слават празникот Рамазан Бајрам.