Agim Sulaj
01 Јуни 2025•Ажурирај: 02 Јуни 2025
ПРИШТИНА (АА) – Фестивалот на класични автомобили „Олдтајмер“ се одржува во косовскиот град Призрен, јавува Анадолу.
Над 80 класични автомобили што дојдоа во Призрен од различни земји за фестивалот, кој се одржува по 20-ти пат оваа година, се изложени на историскиот плоштад „Шадерван“.
Директорот на фестивалот, Ехат Орешка, за Анадолу изјави дека оваа година, фестивалот, кој традиционално се организира на меѓународно ниво, привлече многу класични автомобили од различни европски земји.
„Денес е посебен ден за градот Призрен, каде граѓаните имаат можност да видат возила кои имаат музејска вредност, треба да се напомене дека на овој настан учествуваат и гости од цела Европа, особено од Турција, Словенија и Унгарија“, рече тој.
Орешка додаде дека лимузината на поранешниот албански комунистички лидер Енвер Хоџа била, исто така, изложена во рамките на фестивалот.
Домашните и странските туристи покажуваат голем интерес за фестивалот, на кој се претставени и класични автомобили произведени пред еден век.