Aldijana Hadzic
04 Мај 2021•Ажурирај: 04 Мај 2021
ЉУБЉАНА
Министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу во Љубљана се состана со словенечкиот колега Анже Логар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Разговарано е за многу билатерални и регионални прашања.
Чавушоглу кој престојува во официјална посета на Словенија би требало да се состане со премиерот Јанез Јанша и претседателот на таа земја Борут Пахор. Турскиот министер претходно се состана со муфтијата на Мешихатот на Исламската заедница во Словенија Неџад Грабус.
Планирано е во текот на денот да допатува и во Босна и Херцеговина.