Tuba Şahin
12 Ноември 2019•Ажурирај: 13 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Фич рејтингс“ (Fitch Ratings) го ревидираше рејтингот на 20 турски банки од негативен изглед во стабилен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во денешното соопштение од рејтинг-агенцијата се вели дека од 1 ноември е потврден кредитниот рејтинг на Турција „BB-“, и дека нејзиниот рејтинг е ревидиран од негативен на стабилен.
„Фич рејтингс“, исто така, го потврди рејтингот на финансиските подружници на тие банки со институционална поддршка, притоа ревидирајќи го нивниот изглед во стабилен.
Во образложението од ревизијата се наведува дека подобрувањето на изгледите на турските банки е одраз на намалувањето на ризикот од изостанување на способноста на државата да го поддржи банкарскиот сектор.
Исто така, се наведува дека е намалена и можноста за нагло нарушување на надворешно-финансиското работење на Турција.
„Фич рејтингс“ понатаму наведува дека е намалена и веројатноста за интервенирање на Владата во работењето на банките.
Најавено е продолжување на следењето на работата на турските банки.
„Зајакнувањето на стабилноста на пазарот може да доведе до намалување на ризикот во кредитното профилирање и работата на банките“, се наведува во соопштението на „Фич рејтингс“.