Gökhan Ergöçün
10 Септември 2026•Ажурирано: 10 Септември 2026
Цените на енергентите продолжија да растат и денес, додека војната меѓу САД и Иран не покажува знаци на завршување, јавува Анадолу.
Фјучерсите на нафтатат Брент се тргуваа по 102,3 долари за барел од 09:50 часот по Гринич, што е зголемување од 1,1%; Западен Тексас Интермедијар се тргуваше за 97,5 долари, што е зголемување од 1,5%.
Цените на природниот гас, исто така, беа во тренд на пораст, индексот на гас на ЕУ порасна за 2,4% и надмина 81 евро (94,2 долари), достигнувајќи највисоко ниво од крајот на 2022 година.
Вчера американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сегашните високи цени на енергентите се поврзани со напорите на САД да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје.
Сообраќајот на бродови низ Ормускиот Теснец значително се намали откако Иран објави дека го затвора теснецот, наведувајќи ги како причина американските напади.
Ормускиот Теснец е клучна глобална точка за енергетските производи, особено суровата нафта.