Ahmet Furkan Mercan
27 Мај 2021•Ажурирај: 31 Мај 2021
ТОКИО
Во Јапонија, од февруари 2020 година досега, поради влијанието што го предизвика епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), банкротираа 1.500 бизниси, известува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави јапонскиот јавен радиодифузер НХК (NHK), компанијата „Теикоку датабанк“ која обезбедува финансиско-истражувачки услуги и поддршка, ги испитувала компаниите кои поднеле барање за стечај и судска ликвидација од февруари 2020 година досега.
Врз основа на собраните податоци, меѓу 1.500 претпријатија кои банкротирале во Јапонија, на прво место со 250 компании во секторот за храна и пијалаци.
Во последната година банкротираа и 140 градежни компании и 89 туристички компании од секторот за сместување.
Во веста се посочува дека доколку вонредната состојба против епидемијата на Ковид-19 биде продолжена по третпат, стапките на банкрот ќе продолжат да растат.