Admir Fazlagic
26 Октомври 2016•Ажурирај: 27 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Според најновиот извештај на Светската банка, Дуинг бизнис 2017, Македонија е меѓу најдобрите 10 светски и пет европски економии за водење бизнис, пренесува Anadolu Agency (AA)
Според извештајот Дуинг бизнис во најдобрите десет економии се вбројуваат Нов Зеланд (1), Сингапур (2), Данска (3), Хонг Конг (4), Република Кореја (5), Норвешка (6), Велика Британија (7), САД (8), Шведска (9) и Македонија (10).
Само четири економии во Европа се пред Македонија, и тоа Данска, Норвешка, Велика Британија и Шведска.
Исто така во најновиот извештај Дуинг Бизнис, Македонија е подобро рангирана од 25 земји членки на Европската унија.
Македонија е подобро рангирана од Естонија (12), Финска (13), Латвија (14), Германија (17), Ирска (18), Австрија (19), Литванија (21), Полска (24), Португалија (25), Чешка (27), Холандија (28), Франција (29), Словенија (30), Шпанија (32), Словачка (33), Романија (36), Бугарија (39), Унгарија (41), Белгија (42), Хрватска (43), Кипар (45), Италија (50), Луксембург (59), Грција (61) и Малта (76).
Во извештајот, Македонија е најдобро рангирана земја Источна Европа. И оваа година е лидер во регионот според условите за водење на бизнис и е рангирана подобро од Словенија (30), Романија (36), Бугарија (39), Хрватска (43), Србија (47), Црна Гора (51), Албанија (58), Косово (60), Грција (61), Турција (69) и Босна и Херцеговина (81).