Bahattin Gönültaş
11 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
БЕРЛИН (АА) – Извозот на Германија, приспособен на сезонските и календарските влијанија, во јануари остана непроменет во споредба со претходниот месец, додека увозот се зголеми за 1,5 проценти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците добиени од германскиот Сојузен завод за статистика (Destatis), извозот на Германија, приспособен на сезонските и календарските влијанија, во јануари оваа година изнесуваше 112,4 милијарди евра, а увозот изнесуваше 94 милијарди евра. Надворешниот трговски суфицит приспособен сезонски и календарски изнесуваше 18,5 милијарди евра.
Извозот на Германија, приспособен на сезонските и календарските влијанија, во јануари остана непроменет во споредба со претходниот месец, додека увозот се зголеми за 1,5 проценти. Во споредба со јануари 2018 година, извозот на земјата се зголеми за 1,7 отсто, а увозот за 5 отсто.
Извозот на Германија, неприспособен на сезонските и календарските влијанија, во јануари изнесуваше 108,4 милијарди евра, а увозот 94,4 милијарди евра. Според тоа, Германија во јануари имаше надворешен трговски суфицит од 14,5 милијарди евра. Вишокот на надворешнотрговската размена во истиот месец претходната година изнесуваше 17,2 милијарди евра.
Германскиот извоз во Европската Унија (ЕУ) во јануари изнесуваше 65,3 милијарди евра, а 51,7 милијарди евра од увозот пристигнаа од ЕУ. Споредено со истиот месец од претходната година, извозот во земјите на ЕУ се зголеми за 0,6 отсто, додека увозот од овие земји е зголемен за 3,7 отсто.
Извозот на Германија во земјите надвор од ЕУ изнесува 43,5 милијарди евра, а увозот 42,7 милијарди евра. Извозот на земјата во оваа категорија се зголеми за 3,3 отсто во споредба со јануари 2018 година, додека увозот е зголемен за 5,6 отсто.
Од друга страна, според германската Централна банка (Bundesbank), вишокот на тековната сметка во Германија во јануари изнесуваше 18,3 милијарди евра, што е за 2,8 милијарди евра помалку во споредба со истиот месец од 2018 година.