Tuba Şahin
24 Април 2019•Ажурирај: 24 Април 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Обемот на е-трговијата во Турција порасна за 42 отсто минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во денешниот објавен извештај се вели дека обемот на е-трговијата минатата година достигнал вредност од 59,9 милијарди лири (16 милијарди долари).
Извештајот е изработен заеднички од турската Асоцијација за информатичка индустрија (TUBISAD), Асоцијацијата на оператори во е-трговијата (ETID), „Deloitte Turkey“, „Similarweb“ и „Inveon“.
„Секторот го задржа својот брз раст дури и во тешката година за турската економија“, изјави за новинарите Кубра Ерман Караџа, челникот на ТУБИСАД.
Алпер Гунајдн, директор на „Делоит Турција“, ги истакна високите перформанси на главните сајтови за шопинг.
„Уделот на пазарот на првите 10 најголеми шопинг-сајтови порасна на 53 отсто во последните пет години од 40 отсто“, истакна тој.
Извештајот покажува дека просечната годишна стапка на раст на овој сектор изнесувала околу 33 отсто, помеѓу 2014 и 2018 година.
Најбрз раст беше забележан кај потсекторот за патувања и одмор, кој покажа раст од 54 отсто, достигнувајќи приход од 29,9 милијарди лири (7,95 милијарди долари).