Bekim Laci
15 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Пензионерите не треба да бидат загрижени за своите пензии затоа што проблемот со Државниот пензински фонд (ПИОМ) којшто навреме не ги плаќаше стапките за придонес во приватните фондови, веќе е надминато прашање, изјавија надлежните за време на меѓународната конференција што денеска се одржува во врска со пензиското освестување, јавува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (АССПФК) во Скопје ги собра членовите од државните институции, регулаторните тела и соработници од земјата и од странство со цел да разменат искуства од областа на пензиското осигурување.
Булент Дервиш, претседател на Советот на експерти на АССПКФ, рече дека оваа конференција е важна за земјата, особено од аспект на советување и едукација на новите генерации, одржување презентации во средните училишта и на факултетите за важноста на финансирањето на пензискиот капитал.
„МАПАС подготви една брошура со 50 прашања коишто најчесто се поставуваат и 50 одговори за тие прашања. Исто така, го има објавено и електронскиот билтен што излегува на крајот на секој квартал, а ги објавува и месечните, кварталните и годишните извештаи и анализи“, изјави Дервиш, претседател на Советот на експерти на АССПФК.
Тој изјави дека проблемот кога Државниот пензиски фонд (ПИОМ) не ги плаќаше навреме стапките за придонес во приватните фондови, веќе е надмитнат, и дека ситуацијата ја следат од блиску.
„Ова прашање беше затворено во јануари минатата година. Сега одблиску постојано ја следиме ситуацијата во ПИОМ“, рече тој и додаде дека ситуацијата не е алармантна.
Во меѓувреме, Трајко Премчевски од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија изјави дека со МАПАС како ревизиско тело досега немале никаков проблем што се однесува до спроведувањето на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и Законот за исплата на пензии од вториот столб.
Тој ги негираше гласовите дека пензискиот фонд секоја помината година уште повеќе станува зависен од државниот буџет.
„Нема никаква дилема, фондот е стабилен како на краток, така и на среден рок. Пензионерите не треба да се плашат за своите пензии, државата секогаш ќе најде начин за подобрување и унапредување за работата на ПИОМ“, рече Премчевски.
Тој не обелодени информации во врска со тоа до кој степен фондот е зависен од државниот буџет, затоа што, како што рече тој, ова е финансиски дел.
„Како и да е, пензионерите во декември ќе го добијат ветеното зголемување на пензиите“, рече Премчевски.