Ayhan Şimşek
16 Мај 2023•Ажурирај: 19 Мај 2023
БЕРЛИН (АА) - Поранешниот шеф на германскиот производител на автомобили „Ауди“ ја призна својата улога во скандалот со емисиите на нафта, пренесува Анадолу.
Руперт Штадлер пред судот во Минхен изјави дека имал можност да интервенира, но не го сторил тоа и изразил жалење за прекршокот.
Штадлер ја даде изјавата како дел од договорот меѓу адвокатите и Обвинителството со кој ќе му биде изречена условна казна.
Исто така, Штадлер (60) ќе треба да плати и казна од 1,1 милион евра.
Штадлер стана првиот поранешен член на одборот на групацијата „Фолксваген“ (VW), кој пред судот призна дека го фалсификувал стандардот за емисиите на дизел-возилата.
Групацијата „Фолксваген“, која се состои од 10 марки, вклучително и „ауди“, беше обвинета за манипулирање и мамење на тестовите за емисиите на моторите на дизел-возилата.
Според обвинителите, Штадлер бил свесен за манипулацијата во 2016 година, но не интервенирал и дозволил продажба на овие дизел-возила до 2018 година.