САД, Кина и Јапонија во 2014-та беа земји со најголем БДП во светот
Според податоците на Светската банка за БДП, САД и понатаму се најголема светска економија со 17.419 билиони долари БДП
????? ??????????-???????
10 Ноември 2015•Ажурирај: 10 Ноември 2015
Сараево САРАЕВО (АА) - Соединетите Американски Држави со 17,4 билиони долари бруто национален производ (БДП) се најголема светска економија, а следни се Кина, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција, Бразил и Италија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Светската банка во врска со БДП, САД и понатаму се најголема светска економија со 17,419 билиони долари БДП за 2014 година. На второ место се наоѓа Кина со БДП во износ од 10,36 билиони долари, Кина воедно е и најбрзата растечка економија со зголемен БДП од околу билион долари годишно.
Јапонија во 2014 година оствари БДП во износ од 4,6 билиони американски долари, што ја става трета по ред светска економија. БДП на Јапонија во претходните две години е намален за околу 1,3 билиони, но и понатаму се наоѓа на високото трето место.
Следат три европски земји, Германија со БДП од 3,85 билиони долари, Велика Британија со 2,94 билиони и Франција со бруто национален производ од 2,82 билиони долари. Седмо место зазема најголемата јужноамериканска економија, Бразил, со БДП од 2,34 билиони долари, а следна е Италија со 2,14 билиони и Индија со 2,06 билиони долари.
Русија е на десетото место на листата земји со најголем БДП, со остварени 1,86 билиони долари, минатата година. - Турција на 18-то место – Понатаму следат Канада (1,78 билион долари), Австралија (1,45 билион), Јужна Кореја (1,41 билион), Шпанија (1,4 билион), Мексико (1,28 билион), Индонезија (888,54 милијарди долари) и Холандија (869,51 милијарда долари).
Република Турција во 2014 година оствари БДП во вредност од 799,53 милијарди долари и се наоѓа на 18-то место на листата земји со најголем БДП. Зад неа се Судиска Арабија со 746,25 милијарди и на 20-то место е Шведска со 570,6 милијарди долари.
- Земјите од регионот остваруваат значително помала вредност на БДП од 20-те најголеми-
Земјите од регионот остваруваат значајно помала вредност на БДП и се наоѓаат далеку зад најголемите светски економии. Според податоците на Светската банка, БДП на Хрватска за 2014 година изнесува 57,22 милијарди долари, што е најголем остварен бруто национален производ во регионот.
Следи Словенија со 49,41 милијарда и Србија со 43,86 милијарди долари. БиХ имаше БДП во износ од 18,34 милијарди, а Македонија 11,32 милијарди долари. Црна Гора имаше најмал БДП во регионот во вредност од 4,58 милијарди.