Mehmet Çetin
08 Октомври 2019•Ажурирај: 09 Октомври 2019
КАРАМАН (АА) - Проф. д-р Сеит Мехмет Шен кој е познат по своите истражувања поврзани со оревите, истакнувајќи дека формулата за здрав и среќен живот лежи во редовното јадење ореви, изјави „Оревот секогаш треба да биде присутен во нашиот дом“, јавува Anadolu Agency (AA).
Пензионираниот проф. д-р Шен, кој претходно работел на Факултетот за генетика и биоинженеринг при Универзитетот за инженерство и архитектура во Кастамону, за АА изјави дека оревот кој е „основното растение“ на Анадолија, од Турција се распространил низ светот, со што се зголемила неговата употреба.
Шен рече дека основната причина поради која оревот се истакнува во последно време е тоа што тој поседува омега-3 масни киселини, посочувајќи дека омега-3 масните киселини се именуваат како „храна за мозокот“ и дека е факт дека до овие масти се доаѓа со консумирање на оревите.
Проф. д-р Шен истакна дека доколку сакаме да живееме здраво и животот да го поминеме далеку од голем број болести, потребно е да консумираме ореви. То истакна дека според изработените истражувања, лицата кои во својата исхрана не употребуваат омега-3 масни киселини, во својот социјален живот се „многу повеќе вонемирени, немирни“.
Според проф. д-р Шен, омега-3 масните киселини имаат влијание и врз семејниот мир: „Нека се изработи еден труд. На луѓето кои во својот дом создаваат вознемиреност, на лицата кои постојано се караат со своите семејства, во одреден период од три месеци, дневно нека им се дава 30 грама ореви, ќе се забележи дека тие лица ќе го сменат ставот кон членовите на семејството, бидејќи претходната состојба е последица на недостиг на омега-3 масните киселини во мозокот.“
Проф. д-р Шен, раскажувајќи дека оревите се директно ефикасни против шеќерот во крвта, продолжи со зборовите „Оревот е еден од видовите храна кои најмалку го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта. Додека оризот и белиот леб го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта за 90%, консумирањето ореви го зголемува нивото на шеќерот во крвта за 10%.“
- „Оревите нѐ прават среќни, цигарите нѐ убиваат"
Од аспект на антиоксидансите, проф. д-р Шен посочи дека оревите се многу богати со нив, и додаде:
„Лицата кои редовно консумираат ореви, не можат да заболат од Алцхајмер и Паркинсова болест. Само што за оревот не треба да размислуваме како на лек, туку како на вид храна. Откако човек ќе се разболи, треба да оди на доктор. Оревите го поседуваат хормонот мелатонин. Тоа е хормон кој го регулира сонот и има превентивни својства против стареењето. Во исто време оревите го поседуваат и хормонот серотонин, кој е хормон на среќата. Кога јадеме ореви, се чувствуваме среќно. Нема да се разболиме од повеќе болести. Имаме слоган кој вели „Оревите нѐ прават среќни, цигарите нѐ убиваат“. Луѓето, наместо цигари, нека консумираат ореви. На дамите и господата постојано им велам дека прво што треба да прашаат е дали има ореви на софрата. Не ги запоставувајте оревите од вашата трпеза. На вашите деца редовно давајте им ореви. Се забележува дека децата кои израснале во средина во која се одгледуваат ореви се многу успешни во своите испити на универзитет.“
Во разговорот, проф. д-р Шен, зборувајќи дека оревот е пријател и на човечкото срце, подвлече „Оревот е пријател на срцето. На пакетите со ореви во САД стои фразата „добри се за срцето“, како што на кутијата од цигари пишува дека „убива“. Оревот секогаш треба да биде присутен во нашиот дом. Доколку сакаме да живееме долго и здраво, треба да консумираме ореви.“