?????
07 Ноември 2015•Ажурирај: 07 Ноември 2015
Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам во текот на посетата на Непал со ученици од таа земја накратко играше фудбал, јавува Anadolu Agency (AA).
При тоа покажа дека е сеуште во форма, иако одамна се прости со активното занимавање со овој спорт.
Некогашниот англиски репрезентативец привлече големо внимание кај младите но и кај целата јавност во таа земја.
По кратката игра се фотографираше со насобраните, кои дојдоа да го видат овој некогашен фудбалер.
Инаку, Бекам се наоѓа во еднодневна посета на Непал поради хуманитарен натпревар во рамките на акцијата за собирање средства за УНИЦЕФ.