Берберница на тркала: Ирачки бербер го претвори автобусот во мобилен салон стигнувајќи директно до клиентите
- Со овој необичен концепт тој привлекува големо внимание и кај туристите што го посетуваат градот
Dzihat Aliju
27 Август 2026•Ажурирано: 27 Август 2026
photo: Fariq Faraj Mahmood / AA
СУЛЕЈМАНИЈА
Триесет и петгодишниот бербер Аријан Хасан, кој живее во ирачкиот град Сулејманија, патничкиот автобус го направил целосно опремен берберски салон, пишува Анадолу.
Хасан, кој околу 16 години работи како бербер, со автобусот опремен со топла и студена вода, место за миење коса, простор за чекање, телевизор и берберска опрема, во текот на денот оди до домовите и работните места и ги нуди своите услуги.
Фотографија : Fariq Faraj Mahmood/AA
Идејата што ја добил за време на патување во странство Хасан ја претворил во реалност и започнал да нуди мобилни услуги на улицата Салим, една од најфреквентните локации во градот.
Со овој необичен концепт тој привлекува големо внимание и кај туристите што го посетуваат градот.
Во вечерните часови, пак, ги пречекува клиентите на улицата Салим.
Со овој необичен концепт берберот го привлекува вниманието на локалното население.
Берберница на тркала: Ирачки бербер го претвори автобусот во мобилен салон стигнувајќи директно до клиентите