Oktaj Omeragikj
02 Ноември 2024•Ажурирај: 04 Ноември 2024
БЕРЛИН (АА) - Шумите Груневалд, езерото Шлахтен и паркот Тиергартен, природните убавини на Берлин, главниот град на Германија, со доаѓањето на есента ја обоија околината во нијанси на жолта, портокалова, златна и црвена боја. Овие подрачја, кои го привлекуваат вниманието на посетителите со големата шумска површина и мирниот поглед кон езерото, се алтернативна точка за бегство на оние кои сакаат да се оддалечат од градската врева, известува Анадолу.
Берлин, главниот град на Германија, во исто време е и една од нејзините шеснаесет покраини. Основан во 12 век, тој е еден од најмладите градови во Европа. Со популација од 3.755.251 милиони жители според податоците од 2022 година, Берлин е најнаселен град во Германија. Главниот се простира на површина од 892 km². Во исто време тој е и најголем град во земјата, а втор по големина во Европската унија. Покрај реките Шпре и Хафел, на кои почива градот, во градското подрачје има и бројни други, помали водотеци, како и бројни езера и парк-шуми.
Езерото Шлахтен е сместено во југозападниот дел на Берлин, во округот Штеглиц-Зелендорф, на работ на шумата Груневалд. Ова подрачје е дел од Берлин од 1920 година. Езерото се појавило пред околу 15.000 години како глацијално корито. Со површина од околу 42,1 хектари, обиколка од 5,5 километри и максимална длабочина од 8,5 метри, Шлахтен е едно од поголемите езера во Берлин. Езерото е популарно место за прошетка, но и за капење, поради добриот квалитет на водата.
Шумите Груневалд се лоцирани во западниот дел на Берлин. Со површина од 3.000 хектари овој простор е најголемата зелена површина на градот Берлин. Највисоката точка на шумата е ридот Теуфелсберг, висок 117 метри. Шумата Груневалд главно е составена од четинари (зимзелени дрвја) и дрвја од видот Betulaceae, кое претставува семејство на шест родови листопадни дрвја и грмушки со јаткасти плодови.
Некои подрачја на шумата се природни резервати и од таа причина се забранети посетителите, со цел да се заштитат животните.
Паркот Тиергартен е еден од парк-шумите на Берлин кои го симболизираат главниот град. Овој парк со површина од 210 хектари претставува еден од најголемите урбани градини во Германија. Со доаѓањето на есента природата го обои и овој парк во портокаловата, златна и црвената боја. Посетителите времето во паркот ги минуваат во возење велосипед и прошетки меѓу дрвјата, на кои есента им даде посебна убавина.