Almir Terzic,Lejla Bıogradlıja
26 Мај 2016•Ажурирај: 27 Мај 2016
ТРЕБИЊЕ (АА) - Во новата населба Медаковина во Билеќа наскоро треба да се направи плоча на куќата во која семејството на покојниот протоереј Драган Цвијановиќ треба да се всели наесен. Можеби ова би било само една обична приказна за уште едно семејство кое успеало со сопствен труд да направи за себе покрив над главата, да нема сосема поинаква димензија, пред сè човечка.
Протејерејот Цвијановиќ имал желба за себе и своето семејство изгради куќа. Тој купил парцела, но во намерата да изгради куќа го спречила неговата ненадејна смрт во октомври минатата година, во 57-та година од животот. Со цел желбата на починатиот протојереј Цвијановиќ да се спроведе во дело, меѓу првите кои иницираа акција за тоа беше до неодамна главниот имам на Исламската верска заедница во Требиње, Хусеин ефендија Хоџиќ.
Имамот Хусеин Хоџиќ, му помогнал на семејството на српскиот свештеник, Драган Цвијановиќ, кој починал минатиот октомври и поради тоа не успеал да го оствари својот сон за изградба на сопствена куќа.
Хоџиќ, бил поранешен главен имам во градот Требиње, а во моментот ја извршува функцијата во црногорскиот град, Херцег Нови. Тој се зазеде во реализација на желбата на покојниот српски поп, Драган Цвијановиќ, за изградба на куќа на претходно купениот имот.
Миливој Цвијановиќ, синот на покојниот поп, во разговор за АА ја искажа својата благодарност до имамот Хоџиќ за неговото залагање во изградбата на новата куќа, притоа нагласувајќи дека го чини мошне среќен фактот што и покрај настаните од минатото сè уште постојат луѓе со волја за соработка.
Според зборовите на Миливој, неговиот покоен татко многу го засакал градот Билеќа, и додека бил жив имал голема желба да живее токму таму. За Миливој, пријателскиот однос меѓу неговиот татко и имамот Хоџиќ, претставува потврда дека Босна и Херцеговина е земја каде што може сите заедно да живеат во хармонија.
Миливој Цвијановиќ, истакнувајќи дека воениот период од 1992-1995 година не уништил сè, кажа дека „Битно е да се биде човек. Ништо не е поважно од тоа. Пријателството помеѓу имамот и мојот татко треба да биде пример за секој човек”.
Цвијановиќ, додаде дека изградбата на новата куќа се одвива забрзано и истата би била готова за вселидба следната есен.
- “Она за што ќе се говори се нашите дела“ -
Хоџиќ кој што е имам во Херцег Нови, Црна Гора, пружањето помош на луѓето го смета за нешто најнормално.
„Јас само сакав да помогнам. Без оглед на која вера припаѓаме, сите сме слуги на божјата волја”.
Со Драган Цвијановиќ, инаку пред смртта протојереј на српската православна црква, Хоџиќ се запознал во 2010 година, за време на неговата служба во Требиње.
„Требаше да има свечено отворање на градската џамија. Во тој период постоеја одредени меѓуверски проблеми. Испративме покана до Православната црква во Билеќа. Драган ми се јави еден ден пред отворањето и ми кажа дека тој ќе присуствува во име на црквата. На отворањето оствари еден мошне трогателен говор пред сите присутни”, раскажува имамот.
Хоџиќ, секоја можност за пружање помош ја смета за добар пример и добро дело, и токму поради тоа се одлучил да помогне во изградбата на имотот, за кој разбрал дека постои по смртта на Цвијановиќ.
„Јас не се застапувам лично себеси, туку ги застапувам сите луѓе припадници на оваа вероисповест”, беше одговорот на Хоџиќ на критиките од одредени кругови во врска со неговото помагање.
По воениот период Требиње станува град со мнозинско српско население, а Хоџиќ бил првиот имам во градот по војната. Тој смета дека со текот на годините меѓусебното разбирање на народот во градот забележува пораст.
Според зборовите на Хоџиќ, по завршувањето на должноста и по неговото заминувањето од Требиње, бројот на христијаните кои се сетиле на него и му се јавуваат да го прашат како е, бил ист колку и луѓето муслимани.
„Празните зборови остануваат во воздух. Она за што ќе се говори се нашите дела”, беа зборовите на Хоџиќ, кој смета дека пристојното однесување е најдобриот можен одговор на неправдата.