Erbil Başay
26 Јули 2022•Ажурирај: 27 Јули 2022
БЕРЛИН (АА) - Во Германија бројот на млади луѓе на возраст од 15 до 24 години падна на најниско ниво од 1950 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Сојузниот завод за статистика на Германија (Destatis) се наведува дека 8,3 милиони луѓе во земјата се на возраст од 15 до 24 години, а во проценти оваа возрасна група сочинува 10 отсто од вкупното население.
Се наведува дека вкупното население во Германија е искачено на 83,2 милиони, што е највисоко ниво досега. Но, бројот на млади на возраст од 15 до 24 години е намален на најниско ниво и во бројки и во проценти од 1950 година.
Бројот на млади во земјата, според соопштението, освен во 2015 година континуирано опаѓа од 2005 година.
Демографската структура на земјата се разликува меѓу покраините. Така во покраината Бремен 11 отсто од населението е на возраст од 15 до 24 години.
Оваа стапка е 8 отсто во Бранденбург на истокот на земјата и 8,3 проценти во покраините Саксонија-Анхалт и Мекленбург-Западна Померанија.