İnci Gündağ
24 Октомври 2017•Ажурирано: 25 Октомври 2017
ЛОНДОН (АА) - Во сообраќајна несреќа во областа Сасекс, во југоисточниот дел на Велика Британија, тешко е оштетен автомобил којшто е единствен од тој тип, од специјално производство, вреден вртоглави 1,5 милиони британски фунти, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Автомобилот од типот 'Пагани Зонда', од специјално производство, вредeн 1,5 милиони фунти, удри во банкините на автопатот A27, при што е предизвикана голема штета“, се вели во соопштението на полицијата на Сасекс.
Во соопштението се наведува дека шоферот на автомобилот се извлекол од несреќата неповеден.
Италијанскиот автомобил од специјално производство достигнува брзина до 330 километри на час. Возилото се движеше во конвој од спортски автомобили во време на несреќата. Се претпоставува дека несреќата се случила откако шоферот ја изгубил контролата над автомобилот поради врнежите од дожд.
Полицијата е во потрага по очевидци на несреќата.