Admir Fazlagic
04 Февруари 2016•Ажурирај: 05 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Со бројни активности денеска се одбележува 144-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Делегации на државни институции, политички партии, здруженија, општини и други организации положија цвеќе цвеќе на гробот на Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
На гробот на Делчев, цвеќе положи владината делегација предводена од премиерот на Република Макеоднија Емил Димитириев, во чии состав беше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, како и други владини претставници.
Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.
Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен на 4 мај 1903 година во селото Баница во екот на подготовките за Илинденското востание.