Vesna Besiç
28 Октомври 2017•Ажурирај: 29 Октомври 2017
КОКС БАЗАР (АА) - Илјадници аракански муслимани во кампот Кутупалонг во Кокс Базар во Бангладеш секојдневно се борат за опстанок, јавува Anadolu Agency (AA).
Бегајќи од судирите и насилствата во Мјанмар спас се обидуваат да пронајдат во соседен Бангладеш. Стотици илјади до сега ја преминаа границата на оваа земја и сместени се во кампови без услови. Тука има и голем број на деца кои помагаат во изградба на привремените шатори од дрво.
Многу лица своите животи ги загубија на „патот на спасот“ од Мјанмар во Бангладеш.
Под изговор борба против милитантните групи, мјанмарската војска во изминатите недели урна најмалку 200 муслимански села од кои стотици илјади жители беа принудени на бегство кон соседен Бангладеш.
Поради фактот што во кризното подрачје нема претставници на меѓународни организации, невозможно е да се зборува за точната бројка на настрадани лица во нападите на муслиманските населби.