Ekipa
11 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
ДУБАИ (АА) - Од Канцеларијата за верски прашања и хуманитарна работа во Дубаи порачуваат дека крадењето на WiFi сигнал од соседите не е во согласност со правилата на исламскo однесување, јавува Anadolu Agency (AA).
Таквото однесување не е во согласност со фeтвата која ја издаде Управата за верски прашања, објавено е на веб страницата на Бирото.
"Нема ништо лошо во користењето на мрежа доколку вашите соседи ви го дозволат тоа, но доколку не ви дозволат, не треба да ја користите", се вели во одговорот на прашањето поставено од страна на анонимен читател.
Канцеларијата за верски прашања и хуманитарна работа во Дубаи редовно одговара на различни онлајн прашања на нивниот веб-сајт. Посетителите поставуваат прашања од верски до современи, како што се естетските операции па сè до незаконското "симнување" на филмови.