Melih Palas
14 Февруари 2016•Ажурирај: 15 Февруари 2016
KОЏАЕЛИ (АА) - Ширум светот денес се слави Денот на вљубените, а пекарот Мехмед Китенчиоглу од турскиот град Коџаели го привлече вниманието на своите клиенти со леб во облик на срце, кој го направил исклучиво по повод денешниот ден, јавува Anadolu Agency (AA).
Пекарот Китенчиоглу за АА соопшти дека за денешниот ден одлучил да продава пченичен леб во облик на срце, не помислувајќи дека толку ќе ги воодушеви своите сограѓани.
Тој посочи дека и самиот размислувал како да ја изненади својата сопруга, и се сетил дека минатата година добил неколку посебни нарачки од клиенти, и така дошол до идеја денес да продава леб во облик на срце.
„Се покажа исклучително корисно, бидејќи сите кои ќе купат леб ќе ги израдуваат своите најблиски, а не мораат додатно да даваат пари за цвеќе или други подароци. Голема е побарувачката и затоа одлучив поради рекордната заработувачка секој ден да продавам леб”, рече пекарот.