Hatice Kesgin
27 Ноември 2015•Ажурирај: 28 Ноември 2015
МУГЛА (АА) – Четири деца Сиријчиња се удавија откако чамец со бегалци потона недалеку од југозападниот брег на Турција, рано утрово, јавува Anadolu Agency (AA).
Чамецот е последен во низата потонати близу брегот на полуостровот Бодрум, каде што бегалците се собираат за да го поминат краткото но опасно патување преку морето кон блиските грчки острови.
Турската крајбрежна стража рече дека две деца, едногодишниот Дивен Халил Хусеин и четиригодишниот Берен Халил Хусеин биле братчиња кои патувале заедно со 23 други бегалци на чамецот.Останатите луѓе се спасени.
Оваа година, најмалку 3.138 бегалци, вклучувајќи 291 во Егејското Море, се удавија поминувајќи го Средоземното Море, според статистиката на Интернационалната Организација за Миграција
Според Агенцијата за бегалци на ОН, вкупниот број на пристигнати во 2015 година, досега, во Европа, преку Средоземното Море изнесува 643.000 луѓе.