Özgür Alantor
07 Април 2019•Ажурирај: 09 Април 2019
КАСТАМОНУ (АА) - ОЗГУР АЛАНТОР -
Дрвосечач од северниот дел на Турција на исечено стебло од орев забележал силуета на жена, пишува Anadolu Agency (AA).
Дрвосечачот Осман Балта од Кастамону на својот имот исекол 120 години старо оревово дрво, а на пресекот на стеблото воочил силуета на профил на жена. Силуетата е јасно видлива кога дрвото ќе се наводени.
Во разговорот за АА Балта рече дека фотографијата од стеблото објавил на социјалните мрежи и дека веќе го контактирале повеќе заинтересирани купувачи.

„И јас бев многу изненаден кога ја видов силуетата. Силуетата на трупецот на дрвото се протега два метра низ стеблото. Чекам некои луѓе кои се најавија дека ќе дојдат од Истанбул и Бурса. Многу се заинтересирани за ова стебло“, рече Балта, кој се надева дека и парично ќе профитира од продажбата на стеблото.
На прашањето дали претходно имало слични случаи, Балта рече дека неколку дрвосечачи во Бурса претходно пронашле некои интересни форми и силуети во стеблата на дрвјата.
„Можеби и јас имам исечено некои вакви стебла, но на тоа не внимавав, сѐ додека колега од Бурса не нѐ предупреди да ги следиме пресеците во стеблата, бидејќи може добро да се заработи од тоа“, рече Балта.
Тој истакна и дека постои една легенда според која оревовото дрво, како и луѓето и животните, може да ги меморира нештата кои ќе му остават силен впечаток.
Додаде дека силуетата веројатно е лик на некоја убава девојка која седела во ладовината на дрвото или минувала покрај оревот.