Aldıjana Hadzıc
01 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
МОСКВА (АА) - Зоолошката градина во Новосибирск во истоимениот руски град е побогат за три млади риса, јавува Anadolu Agency (AA).
Рисот Бусинка на свет донесе неколку млади риса, кои неколку недели поминаа во засолништето под будното око на младата мајка.
Подоцна, тие беа прегледани од страна на ветеринарите на зоолошката градина и беше утврдено дека станува за три женки, а домот стана игралиште за младенчињата.
Младенчињата рисови во оваа зоолошка градина на свет доаѓаат од 1968 година, а многу од нивните потомци живеат во руските и меѓународните зоолошки градини.
Зоолошката градина има околу 11.000 животни од речиси 740 видови, а неа секоја година ја посетуваат околу 1,5 милиони луѓе.