Emel Öz Gözellik
08 Април 2019•Ажурирај: 09 Април 2019
ЊУЈОРК (АА) - Во јужниот дел на сојузната американска држава Флорида фатенa е 5,2 метри долга и 64 килограми тешка змија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за бурмански питон, а „Си-ен-ен“ (CNN) јавува дека змијата била скотна и дека носела 73 јајца.
Питонот е пронајден во подрачјето на Еверглејдс, каде што тропската клима е погодна за брзо размножување на џиновските питони кои се со потекло од јужна Азија.
Научниците тврдат дека во американските мочуришта има околу 100.000 питони.
Предупредуваат дека нивната популација мора да се контролира, бидејќи претставува опасност по преживувањето на многу видови цицачи.
Фатениот питон ќе се користи за истражувачки потреби на научниците во Флорида.