Servet Günerigök
22 Ноември 2015•Ажурирај: 23 Ноември 2015
БИНГОЛ (АА) – Сириските бегалци во Турција се придружија во потрагата по делови од метеорити во источната покраина Бингол, јавува Anadolu Agency (АА).
Во Саричичек, село на 5 километри источно од главниот град на покраината Бингол, падна дожд од метеорити во почетокот на септември.
По гласините дека истражувачи и научници сакаат да собираат мали метеорити, селаните почнаа да ги собираат парчињата метеорити деноноќно.
Областа сè уште привлекува стотици луѓе од локалното население но и странци по изјавите дека метеоритите, без разлика дали се за истражувачки цели и колекционерски, чинат помеѓу 20 и 60 долари по грам.
Околу 40-тина фамилии Сиријци кои живеат во покраините Дијарбакир, Шанлиурфа и Килис, пристигнаа во областа пред скоро една недела со надеж дека ќе пронајдат метеорити.
Тука Сиријците престојуваат во шатори и се надеваат на заработка од како што велат тие „дарот од Бога“
Озан Унсалан, професор на Истанбулскиот Универзитет за наука, оформил веб страница за прибирање на информации за метеоритите.
Тој на 16-ти ноември рече дека остатоците најдени во околината на Саричичек се дел од 4Vesta, еден од најголемите астероиди во Соларниот систем.
По покрената дебата на Твитер од страна на Министерот за финансии на Турција, дали да се плаќа данок на заработката од метеоритите, најголем дел од јавноста се изјасни за тоа приходите да не се оданочуваат.