Ivana Ramadanova
29 Декември 2015•Ажурирај: 30 Декември 2015
СКОПЈЕ АА - Движењето против хендикеп „Полио плус“ денеска оствари работна средба и дебата со претставниците на организации на лица со хендикеп и со членовите на Интерпартиската парламентарна група. Тема на работната средба беше насловена „Кон новите предизвици, се што би сакале да знаеме што ги очекува лицата со хендикеп во новата 2016, а не сме имале можност да прашаме“, јавува Anadolu Agency (AA).
Орагнизаторите велат дека проблемите за лицата со хендикеп остануваат и понатаму. Сеуште доминантен проблем останува пристапноста и достапноста, образованието како и вклучувањето на прашањето на хендикеп во регулаторните тела.
"Денешната средба на организациите на лица со хендикеп заедно со пратениците членови на интерпартиската паралментарна група се собравме за да имаме една отворена дискусија по однос на новите предизвици кои што не чекаат во идниот период а се со цел што е можно поактивно вклучување и поставување на прашањето на хедикепот на политичката агенда. Една од нашите активности на нашата организација е не само делувањето на национално ниво туку делување и во регионот а се со цел размена на различни искуства, практики и проширување и поактивно влијание во насока на остварување на човековите права за граѓаните со хендикеп но остварување на правата како група", вели програмскиот раководител на "Полио плус" Елена Кочоска.
Сите позитивни законски измени и решенија за лицата со хендикеп во иднина ќе се носат во партнерство со здруженијата кои се грижат за оваа група граѓани. Организаторите сметаат дека ваквите средби се одличен механизам за неформално лобирање и застапување на правата на лицата со посебни потреби, каде може да се слушне гласот на оваа група граѓани.
На состанокот се дискутираше за преземените чекори од државата, како и за новите мерки и акции кои се планираат чија цел е ефективна и ефикасна имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со хендикеп. Дополнително беа разгледани и целите на делување во насока на надминување на предизвиците и создавање поефикасна соработка со цел подигнување на јавната свест за феноменот хендикеп и создавање еднакви можности за лицата со хендикеп во Македонија.