Emel Öz Gözellik
07 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
АНКАРА (АА) – Снежен рак, од првиот лов на снежни ракови во западна Јапонија, е продаден за 5 милиони јапонски јени (околу 46 илјади американски долари) пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција „Кјодо“, на аукцијата што се одржа на пристаништето во градот Тотори, снежниот рак долг 14,6 сантиметри и тежок 1,2 килограми е продаден за околу 46 илјади долари.
Соопштено е дека тоа е рекордна цена на продаден снежен рак досега.
Канемаса Хамашита Шотен, одговорно лице на компанијата, кој го купи снежниот рак, истакна дека снежниот рак ќе биде продаден на ресторан од трговската област Гинза во Токио.