Mehmet Akif Turan
15 Март 2018•Ажурирај: 17 Март 2018
МАРАКЕШ (AA) - МЕХМЕТ АКИФ ТУРАН - Столарот Омер Изики од Мароко дава облик на дрвени парчиња во стаклени шишиња, користејќи различни материјали и клинци. Тој вели дека неговата работа која ја почнал како хоби, сега е извор за егзистенција во неговиот живот.
Во разговорот за Anadolu Agency (AA), 42-годишниот Изики изјави дека тој го претворил своето хоби во професија, под влијание на еден турски уметник кој давал различни форми на песокта, внатре во шишето, во една телевизиска програма што ја гледал пред четири години.
Столарот живее во населбата Исики во западниот дел на Маракеш, го користи покривот на куќата како работилница, а работата, која ја започнал како хоби, веќе ја професионализирал.
Изики истакна дека се импресионирал од турскиот уметник во телевизиската програма во која тој давал форма на песокта во стаклено шише, и додаде: „Работата што ја правеше уметникот, многу ми се допадна. Сакав да го сторам тоа и јас, но и покрај многуте обиди што ги направив со песок, никогаш не успеав. Потоа ми дојде идејата да вметнем дрвени парчиња во шишето.Така го создадов мојот стил. Работата ја унапредив, давајќи облик на дрвените парчиња и пишувајќи разни имиња.“
Тој рече дека во почетокот било многу тешко и дека скршил стотици шишиња. Но продолжил да работи повнимателно и редовно, така што овие тешкотии не го исплашиле.
- „Никогаш не помислив дека ќе заработам пари од моето хоби“
Понатаму, кажа дека никогаш не мислел дека еден ден може да заработи пари од делата што ги направил.
„Делата изложени во столарската работилница каде што работев веќе 20 години, почнаа да им се допаѓаат на клиентите и постепено тие почнаа да ги печатат своите имиња или имињата на нивните најблиски во стаклени шишиња. Кога почнав да заработувам пари од овој мал бизнис, поставив изложба на локалниот пазар и таму ја зголемив продажбата“, објасни Изики.
Истакнувајќи дека Маракеш е туристички град, Изики рече дека луѓето околу него почнале да ги споделуваат работите на социјалните мрежи, каде што тој станал популарен со своите дела.
- „Не веруваат дека користам вистински клинци“
Признавајќи дека во светот, многу уметници и занаетчии како него, го прават тоа, Изики тврди дека тој е единствената личност во светот, кој користи клинци за да ги спојува дрвените парчиња во шише.
Изики изјави дека многумина кои ги проверуваат неговите дела, не веруваат дека користи вистински клинци и дека има многу луѓе кои сметаат дека тоа е невозможно.
„Користам клинци за да ги спојам дрвените парчиња во стаклено шише. Ова го правам со чекан што го направив на таков начин што може да влезе во стаклено шише. Многу луѓе низ целиот свет ставаат дрво во стаклени шишиња, но нема никој кој цврсто може да ги спои со помош на клинци и чекан како мене“, рече тој.
Тој, кој успее да го претвори своето хоби во бизнис, покрај пишување имиња во шишето по нарачка на купувачот, исто така создава уметнички дела, користејќи дрвени парчиња и разни делови на играчки.