Aida Cako
14 Февруари 2025•Ажурирај: 17 Февруари 2025
ЛИМА (АА) – Стотина парови во перуанската престолнина Лима го кажаа судбоносното „да“ на заедничка свадбена церемонија што се одржа синоќа, во пресрет на Денот на вљубените, јавува Анадолу.
Настанот, организиран од градот Лима, се одржа на познатиот Магичен круг на водата, еден од најпрепознатливите симболи на градот.
Цел на оваа иницијатива беше да им се овозможи на паровите со ограничени финансиски средства да склучат брак без трошоци.
Заедничките свадби во Перу се традиција што привлекува голем број парови, особено оние што не можат да си дозволат приватна церемонија.