Gözde Bayar
03 Јули 2023•Ажурирај: 06 Јули 2023
АНКАРА (АА) - Децата во украинската област Харков добиваат терапија со танц за да ги залечат своите психолошки трауми поради војната, јавува Анадолу.
„Патриот“, добротворна организација во Украина, обезбедува танц-терапија за децата во Харков.
Волонтерите ги учат децата на нови танци со цел да ја намалат психолошката траума поради руската војна против Украина.
Во руско-украинската војна, која започна во февруари 2022 година, загинаа над 8.900 цивили, а повеќе од 15.400 се ранети, покажуваат најновите податоци на Обединетите нации (ОН).