Alaattin Doğru
05 Ноември 2022•Ажурирај: 08 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Марин ел Химер на својот официјален профил на Инстаграм сподели видео на кое се гледа како прави обиколка и се моли во Ќаба, централното светилиште на исламот, носејќи хиџаб, известува Агенција Анадолија (АА).
Ел Химер користејќи ја фразата „Овие моменти ги обележуваат најдобрите денови во мојот живот“, објави дека станала муслиманка пред неколку месеци.
Ел Химер изрази надеж дека нејзиното духовно патување секогаш ќе ја води до Бога и им се заблагодари на своите обожаватели кои ја поддржаа во овој процес.
Истакнувајќи дека не е срамно да се премине во друга религија, Ел Химер нагласи дека го избрала исламот како резултат на помирувањето на нејзиниот ум, срце и душа.
Под објавата на француската манекенка, нејзините фанови коментираат дека се задоволни од оваа вест и дека „блеска лицето на Ел Химер.“
Еден од нејзините обожаватели напишал: „Кај мене ја разбуди љубовта да го читам Куранот одново и одново.“
Ел Химер со исламот се запозна истражувајќи го нејзиното потекло.
Ел Химер, која има сестра близначка по име Осеан и брат по име Готје, родена е во Франција во 1993 година, но нејзиното семејство по потекло е од Мароко.
Во францускиот печат се наведува дека Ел Химер, која пораснала покрај својот очув, долго време истражувала за нејзиниот вистински татко и за нејзините корени и прифатила да стане муслиманка запознавајќи се со исламот во тој процес.